„Porsche“ ги произведува едни од најбрзите и најпосакуваните спортски автомобили во светот.
Еве 10 интересни факти за компанијата, кои можеби не ги знаете:
1. Основач на компанијата е Фердинанд Порше. Првиот автомобил произведен од него, тргнал по улиците на Австрија во 1898-ма година. Фердинанд Порше имал 22 години кога го изработил. Моделот се нарекува „Egger-Lohner“, а Порше го нарекувал уште „P1“. Автомобилот е со максимална брзина од 33 км/час и патува 78 километри со едно полнење. Првото возење на автомобилот е на 26-ти јуни 1898-ма година.
2. Најпопуларниот модел на компанијата „Porsche 911“ е претставен за прв пат во 1963-та година. Сериозен редизајн на моделот е претставен во 1998-ма година. Првичната верзија „911“ е со името „Porsche 901“. По претензии од страна на „Peugeot“, сепак серијата е изменета во „911“.
3. Во 70-тите години од минатиот век, компанијата го произведува моделот „917“, а некои модели од серијата се со моќност од 1.100 коњски сили и развиваат 240 милји на час.
4. Најмоќниот сериски произведен модел на компанијата е од минатата година – „Porsche Panamera Turbo S“. Автомобилот забрзува до 100 км/час за 3.8 секунди. Автомобилот има 5.7-литарски турбо мотор со максимална моќност од 570 коњски сили
5. Моделот „Panamera Exclusive Series“ е најскапиот седан произведен од компанијата. Тој е со цена од 263.900 долари. За споредба, следниот најскап модел „Panamera“ чини 200.500 долари е верзијата „Turbo S Executive“.
6. Моделот „Porsche 918 Spyder“ е четвртиот автомобил во светот со најбрзо забрзување. Тој забрзува до 100 км/час за 2.6 секунди. Располага со 4.6-литарски „V8“ мотор. Произведен од 2011-та година тој е определен и како вториот најубав кабриолет меѓу спортските автомобили.
7. Најпотценуван спортски автомобил во светот, според експертите, е моделот „Porsche 914“. Тој се произведува од 1969-та до 1976-та година, но печатот не го засака овој автомобил. Симпатизерите пак претпочитаат други модели на марката.
8. Модели на компанијата имаат освоено над 224.000 натпревари ширум светот.
9. Компанијата произведува и трактори.
10. Моделот „959“ е најразвиен спортски автомобил во технолошки поглед во 80-тите години на минатиот век. Автомобилот е со погон на сите четири тркала и развива брзина до 200 милји на час. Тој победи на трката Париз-Дакар.