18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЏејмс Бонд одбил 5 милиони долари за да користи телефон на Sony

Џејмс Бонд одбил 5 милиони долари за да користи телефон на Sony

James-Bond-Xperia

Од „Sony“ му понудиле на Даниел Крег (кој во моментов ја има улогата на Џејмс Бонд) 5 милиони долари за да го користи новиот смартфон „Xperia Z4“ во претстојниот филм од серијалот „Спектар“.

Но, Крег и режисерот на филмот Сем Мендес ја откажале понуда, а причината за тоа е што „Џејмс Бонд го користи само најдоброто“.

Ова го откриваат корпоративни пораки на „Sony“ од октомври 2014-та година, откриени при хакерскиот напад врз компанијата во текот на зимата. Од првото писмо се дознава дека долгогодишниот продуцент Барбара Брокула сакала од „Sony“ да ја зголемат сумата до 18 милиони долари за маркетинг на „Спектар“ со плаќање на ѕвездите и тимот да ги користат смартфоните од иста марка, пишува „Business Insider“.

„Samsung“ исто така се меша во преписката со сопствена понуда, а исто така нуди пари на членовите на тимот, за да ги користат нивните телефони во филмот. Освен парите, Крег и Мендес сепак имале други размислувања.

„Надвор од готовинските фактори, постојат и т.н. креативни фактори, а Сем и Даниел не ги сакале телефоните на „Sony“ за филмот (резонирање субјективно/објективно е дека Џејмс Бонд користи само „најдобро“, а според нив телефонот на „Sony“ не е „најдобар“)“, пишува Ендру Глемпорт, кој е одговорен за глобалната активност на „Columbia Pictures“.

Ако не се појават наредни пораки, веројатно ќе треба да почекаме до крајот на годината, кога во киносалите ќе започне да се прикажува филмот, за да дознаеме кој телефон е најдобар, според Џејмс Бонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП