6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„4 дена со Милчо Манчевски“

„4 дена со Милчо Манчевски“

cvv

Филмскиот свет ја призна Македонија! Милчо Манчевски – „маестрото од Македонија“ се искачи на пиедесталот на светската филмска уметност, освојувајќи го златниот лав во Венеција со филмот „Пред дождот“. Оттогаш, тоа „злато“ е дел од светската филмска антологија.

Многу ретко се случило малата Македонија во светот да ја сметаат за рамна на себе, а што е уште поважно и ние самите така да се чувствуваме. Громогласниот аплауз со кој светот ги прими филмовите на Манчевски за нас не беше само сплотувачки фактор, туку и извор на самодоверба и национално самочувство.

Во знакoт на овие врвни остварувањa за македонската и светската култура и уметност, од 7 до 10 мај во Скопје, ќе  се одржат 4-те дена со Милчо Манчевски, посветени на јубилејот 20 години од „Пред дождот“ и целокупното негово творештво. Во кината „Милениум“ и „Фросина“ ќе имаме можност премиерно да ги видиме на големото платно новите ремастерирани дигитални копии на филмовите на Манчевски.

4-те дена со Манчевски започнуваат во четврток (7 мај), во 20.00 часот во киното Милениум. со светска премиера на  дигиталната копија на „Пред дождот“. По проекцијата ќе следи разговор на авторот Милчо Манчевски со гледачите, пренесуван и за пошироката публика, во живо преку Интернет. Прашања ќе може да се поставуваат преку социјалните мрежи.

Во наредните денови во киното Фросина следат проекции на останатите негови филмови, како и забави и дружење по нивното завршување.

Во рамките на манифестацијата е предвидена трибина и промоција на монографијата за целосниот опус на Манчевски.

„Оваа манифестација претставува и прва ретроспектива на делата на Манчевски во Македонија, а ќе ги опфати и другите уметнички творби на нашиот светски признат уметник. Во текот на овие 4 дена ќе бидеме во кругот на Манчевски. Поводот е „Пред дождот“, неговата универзалност и безвременост, неговото предавање во наследство на следните генерации“ – истакна Роберт Насков претседател на „Друштвото на филмските работници на Македонија“ кое e организатор на настанот.

Влезниците се бесплатни и ќе можат да се подигнат во билетарниците на кината Милениум и Фросина.

Дигитализацијата на филмовите е финансирана од Министерството за култура на РМ, а настанот е подржан од Агенцијата за филм на Македонија.

acc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП