7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМејведер победи во "борбата на векот"

Мејведер победи во “борбата на векот”

azz

Флојд Мејведер на поени го победи Мани Пакјао во борбата на векот како што беше наречен нивниот меч во Лас Вегас и ги обедени титулите во велтер категорија.

Американецот Мејведер победата ја однесе со едногласна одлука на судиите 118-110, 116-112, 116-112 и стигна до титулите светски првак во велтер категорија во верзиите WBO, WBA, WBC и The Ring. Исто така 38-годишниот Мејведер остана непоразен во професионалната кариера забележувајќи ја 48-та победа.

За разлика од Мејведер, Пакјао го забележа шестиот пораз во профи кариерата во својот 65-ти меч.

Као што се превидуваше Мејведер клучната предност ја направи со одличната дефанзива, а кога напаѓаше беше далеку поопасен од противникот поради подолгите раце.

Мејведер погодил 146 од 435-те удари, додека тој однос кај Пакјао е далеку полош (81-429).

Инаку самиот меч беше далеку од ‘борбата на векот’, иако имеше неколку одлични моменти. Сепак свирежите кои ги доби Мејведер за време на победничкиот говор доволно говорат какво е мислењето на публиката за оваа борба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП