21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAsus претстави модел со 128GB интерна меморија

Asus претстави модел со 128GB интерна меморија

ZEN 2

„Asus“ неодамна го претстави телефонот „ZenFone 2“ во четири различни верзии. Во меѓувреме, официјалниот партнер на „Asus“, „Flipkart“ на својата интернет страна го прикаѓа и петтиот „ZenFone 2“ модел.

Смартфонот „ZenFone 2 ZE551ML“ доаѓа со 128GB простор за складирање и 4GB RAM, по цена од околу 472 долари.

Овој модел нуди „dual-SIM“ и „LTE“ поддршка, а покрај тоа, ги задржува истите спецификации како и моделот „ZenFone 2 ZE551ML“ со 64GB интерна меморија.

Интересно е дека „Asus“ никогаш не спомена модел со 128GB просотор, што ќе биде идеална опција за оние кои сакаат да не се потпираат на „microSD“ картичка за складирање на своите фајлови.

Засега достапноста на „ZenFone 2 ZE551ML“ со 128GB интерна меморија е најавена како „coming soon“ (наскоро).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП