
Компанијата „Huawei“ во Италија официјално го претстави својот нов телефон наречен „G Play Mini“.


Компанијата „Huawei“ во Италија официјално го претстави својот нов телефон наречен „G Play Mini“.
Тој веќе може да се купува по цена од 230 евра, а се очекува наскоро уредот да се најде и во останатите европски држави.
„Huawei G Play Mini“ ги има истите спецификации како и моделот „Honor 4C“ кој неодамна беше претставен во Кина, но има различен дизајн.
Тоа што треба веднаш да се истакне е дека телефонот го одликува 5-инчен „IPS“ екран со 720p резолуција, како и „Android Kitkat“ платформата.
Што се однесува до хардверот, овој смартфон има осумјадрен „HiSilicon Kirin 620“ процесор со такт од 1,2 GHz, 2 GB RAM и 8 GB интерна меморија, камера од 13 мегапиксели со „LED“ блиц на задната страна, камера од 5 мегапиксели на предната и батерија од 2550 mAh.