18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПакомак и Тинекс маркетите во акција за пролетно чистење на подрумите

Пакомак и Тинекс маркетите во акција за пролетно чистење на подрумите

Image (90)

Над 10.000 килограми стакло, односно приближно 33.400 тегли и шишиња собрани се за смао два дена во акцијата „Пролетно чистење на подрумите“, што ја покренаа компаниите Пакомак и Тинекс.

Овие две компании пред 10-тина дена го активираа локалното население во акцијата, а одзивот на граѓаните на беше огромен. Многумина коментираа дека оваа акција конечно ги мотивирала да си ги средат подрумите и шпајзовите во кои стаклото што не се употребува, со години фаќа прав и пајажина.

Во седум Тинекс маркети во Скопје викендот од 17 до 19 април, соседството активно носеше дел од својот „подрумски инвентар“ во специјализираните контејнери за стакло поставени пред маркетите.

За седум шишиња или тегли, граѓаните добиваа пролетно семе за цвеќе за своите тераси и дворови.

Во Тинекс маркетите (Тинекс кај Раде Кончар, Тинекс Зебра, Тинекс кај Драмски театар, Тинекс на улица Првомајска, Тинекс во Карпош 3, Тинекс кај Годел, Тинекс во Хром) во само два дена беа собрани повеќе од 10.000 килограми стакло, односно приближно 33.400 тегли и шишиња.

„Навистина сме задоволни од одзивот и од ентузијазмот на граѓаните во оваа акција. Организирање на собирањето на стаклото како отпад од пакување ни е вистински предизвик и еден од приоритетите за оваа година, секако не занемарувајки ги останатите матерјали за кои веќе петта година успешно организираме нивно собирање и рециклирање. Можам да констатирам дека трендот на правење зимница опаднал, но и дека семето за цвеќе навистина ги радува домаќинките. Ги повикувам сите да се ослободат од стаклото кое повеќе не го употребуваат и кое зафаќа драгоцен простор, а ние ќе се погрижиме истото да заврши на рециклирање“ – изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

И Тинекс маркетите постојано се трудат да ги идентификуваат вистинските потреби и да овозможат поддршка на проекти од општествено значење и подобрување и унапредување на околината. Заедно со Пакомак и со потрошувачите покажаа висока свест и одговорност кон животната средина и еден од најголемите  предизвиците на современото живеење – отпадот.

Стаклото зафаќа голем дел од домаќинскиот и индустрискиот отпад, сметајќи на тежината и на густината на материјалот. Се произведува од природни материјали како кварцен песок, сода и вар и е идеален материјал за рециклирање, бидејќи може да се рециклира бесконечно. Процесот на рециклирање на стаклото во зависност од крајната употреба, често вклучува и раздвојување по бои, односно проѕирно, зелено или кафено стакло. Користењето на рециклирано стакло придонесува до заштеда на енергија и намалување на количината на амбалажниот отпад во околината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП