17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСега знаеме како настанал Audi RS3! (видео)

Сега знаеме како настанал Audi RS3! (видео)

ragjanje 3

Производителите на автомобили веќе не навикнаа на необични спотови преку кои ги промовираат своите модели, но се чини дека „Audi“ овој пат отиде чекор понапред.

Во „Audi“ дојдоа до идеа новиот „RS3“ да го рекламираат како возило кое има педигре од нивниот најдобар спортски модел – „R8 V10“.

Иако видеото има наслов „Birth“ (Раѓање), неочекувавме дека во нецели две минути, колку што трае рекламата, ќе бидеме дел од вистинско автомобилско „пораѓање“ со асистенција на роботски бабици:

Новиот „Audi RS3“ беше претставен на крајот на 2014-та година и ќе се произведува исклучиво во верзија со 5 врати.

Овој автомобил има 2.5-литарски петцилиндарски мотор со 367 ks (270 kW) и 465 Nm максимален вртежен момент. Моќта се пренесува на сите четири тркала со помош на седумстепен „S tronic“ менувач и „quattro“ систем.

„RS3“ од својата „мајка“, првата генерација на „Audi R8“, ги наследил спортските гени. Автомобилот е во можност од мирување до „стотка“ да забрза за само 4.3 секунди пред да ги достигне максималните, електронски ограничени, 250 km/h.

Границата на барање на купувачите може да се помести на 280 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП