26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинеската GAC ќе ги привлекува Американците со ниски цени (фото)

Кинеската GAC ќе ги привлекува Американците со ниски цени (фото)

gs4

Сценариото, според кое пред неколку децении јапонските автомобили станаа хит на американскиот пазар, сега сакаат да го повторат во наредните години голем број кинески производители на автомобили. Тие планираат инвазија на американскиот пазар, обложувајќи се на висок квалитет и ниски цени, пишува „Automotive News“.

Една од компаниите со најголеми амбиции е „Guangzhou Automobile Group“ (GAC). Таа веќе бара дилери на своите автомобили, кои треба да дебитираат на овој пазар во 2017-та година.

gs41

Првиот модел на Кинезите, кој ќе биде предложен на Американците, е кросоверот „GS4“.

„Уверени сме во успехот на овој модел. Тој е стилски, сигурен, економичен и евтин. Треба да стане многу популарен“, изјави Ву Сонг, генерален менаџер на компанијата.

Предметниот кросовер ќе има околу 30% пониска цена од конкурентите, тврдат од „GAC“. Моделот е позициониран во сегментот на докажаниот „Toyota RAV4“, но тоа воопшто не и пречи кинеската компанија.

„Нашиот кросовер „GAC GS4“ е подобар од „Toyota RAV4“. Тој е поекономичен и подостапен“, категоричен е Ву Сонг.

gs42

Според официјалните карактеристики моделот има просечна потрошувачка од 6,3 л/100 км, а кај моделот на „Toyota“ потрошувачката е околу 9,0 л/100 км.

Што се однесува до цените, во Кина „GS4“ има почетна цена од 99.000 јуани (околу 16.245 долари), додека „Toyota RAV4“ се ​​нуди во САД за сума од 24.565 долари.

Во моментов „Guangzhou Automobile Group“ бара дилери за своите модели во САД, а се предвидува продажбата да започне во 2017-та година. Пред тоа да биде можно, сепак е потребно кинеските автомобили да бидат сертифицирани за продажба на овој пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП