5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на MasterCard порасна за 17 проценти

Добивката на MasterCard порасна за 17 проценти

mastercard

Нето профитот на американската компанија за платежни картички „MasterCard“ е зголемен во првиот квартал од оваа година за 17,2 проценти на годишно ниво, на 1,02 милијарди долари, соопшти компанијата.

Добивката по акција е подобра од прогнозираната и достигна 0,89 долари, додека аналитичарите во анкетата на Блумберг очекуваа 0,8 долари по акција.

Притоа, приходите на Mastercard за првите три месеци се зголемени за 2,7 проценти на 2,23 милијарди долари. Тоа е малку пониско од прогнозата на аналитичарите, кои во просек предвидуваа приходи на ниво од 2,28 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП