21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПобарувачката за iPad бележи значителен пад

Побарувачката за iPad бележи значителен пад

ipad 12

Како што моментално стојат работите, ова нема да биде година на „iPad“. Дека не станува збор за злонамерни шпекулации, тоа го потврди финансискиот извештај на „Apple“.

Според извештајот, „Apple“ во текот на првиот квартал од оваа година има испорачано вкупно 12.6 милиони „iPad“ уреди, додека во истиот период од минатата година испораката изнесувала 16,4 милиони примероци.

Помалку од 3,8 милиони таблети за „Apple“ значи пад на испораката за 23%, како и пад на приходите во име на „iPad“ за 29%.

Но, од „Apple“ велат дека таквите бројки ги очекувале, па и помалата побарувачка премногу (финансиски) не ги погоди. Нормално и кога настана „дупка“ во касата, таа успешно ја пополни смартфонот „iPhone“, кој засега одлично се продава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП