Поддршката на „Google Now“ сега е достапна за 70 дополнителни „Android“ апликации.
Технолошкиот гигант интеграцијата на својот моќен персонален асистент ја започна во јануари.
Новите интегрирани апликации меѓу остантите вклучуваат и популарни медиуми за вести, различни апликации за храна и фитнес апликации. Секоја апликација на корисниците ќе им нуди релеватни информации, а овозможува и извршување на работи преку доделените „Google Now“ картички.
Најновата верзија на „Google“ апликациите е потребна за да може да се користи на новата интеграција, а корсицните ќе започнат да ги забележуваат доделените „Google Now“ картички во текот на наредните неколку недели.