27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТримесечниот профит на Philips отстапи за 28%

Тримесечниот профит на Philips отстапи за 28%

philips ss

Холандскиот производител на електроника „Philips NV“ во вторникот објави дека неговиот нето профит во првиот квартал паднал до 99 милиони евра од предвидените 138 милиони евра за овој тримесечен период.

Редукцијата дојде главно поради високите трошоци за реструктуирање и тарифите поврзани со превземања. Добивката по акција се намали на 0,11 евра од 0,15 евра.

Иако профитот пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) отстапи до 230 милиони евра од 253 милиони евра, коригираната „EBITDA“ се зголеми до 327 милиони евра од 304 милиони евра во минатата година.

За трите месеци до крајот на март продажбата на групацијата достигнаа 5,3 милијарди евра во споредба со 4,6 милијарди евра пред една година. Од компанијата велат дека растот се должи на заживеаната побарувачка во Западна Европа и позитивните валутни промени.

„Ние сме охрабрени од обновениот раст на продажбата“, изјави главниот извршен директор Франс ван Хутен.

Philips“ планира да ја напушти 123-годишната активност во производството на осветителни тела, за да се фокусира на продажба на медицинска опрема и производи од категоријата на корисничкиот животен стил. Компанијата планира да се раздели конечно со бизнисот со осветителни тела преку ИПО во следната година, откако минатиот месец постигна договор да го продаде мнозинскиот удел во производството на автомобилски светилки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП