21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот премиум смартфон: LG G4 (фото+видео)

Новиот премиум смартфон: LG G4 (фото+видео)

g4 le

Новиот паметен телефон од висока класа на „LG“ ќе се нуди во верзија со куќиште, обвиткано во вистинска кожа. Освен тоа „G4“ ќе доаѓа и со малку искривен екран.

Компанијата најави дека ова е најамбициозниот смартфон досега. Тој ќе се обложува на високиот квалитет на материјалите. „G4“ ќе се нуди во три различни верзии на задниот панел. Првата е пластичен панел кој е обликуван со рачно обработена вистинска кожа, која доаѓа во шест различни бои. Другите две верзии се повторно со пластични панели, едниот имитира керамичка облога, а другиот – метална, слично на „G3“.

g4 le1

Куќиштето на „G4“ е малку искривено, како што е и 5.5-инчниот „Quantum IPS“ дисплеј со „4K“ резолуција. Закривувањето на екранот сепак е сосема мало, а човек треба да се загледа доста во куќиштето под агол, за да го забележи. Според „LG“ сепак тое е доволно за да се создаде чувство на длабочина на сликата и освен тоа го прави телефонот поиздржлив при испуштање на земја.

Компанијата додава дека ова е прв од ваков вид дисплеј, а тој има 20% поголем опсег на боите од останатите „QHD“ екрани за мобилни телефони, што е и со 25% посветол. Пиксел густина е 534 ppi.

g4 le2

„G4“ користи процесор „Qualcomm Snapdragon 808“, кој е чекор надолу во однос на 8-јадрениот „810“ користен кај „G Flex 2“. Според „LG“, „Snapdragon 808“ е подобро оптимизиран за работа со „G4“. Неофицијално во индустријата се зборува дека моделот „810“ има проблеми со прегревање кое „Qualcomm“ ќе може да го реши само кон средината на годината.

Смартфонот има 3GB RAM меморија, 16 МР камера на задниот панел со „F1.8“ решетка, 40% поголем сензор и подобрен систем за оптичка стабилизација. Повторно на располагање е и системот за автоматско фокусирање преку ласер. Веќе има и сензор за бои, кој ги коригира при користење на блицот. На предниот панел има камера со 8МР сензор, а повторно има и специјални режими за снимање на „селфи“ фотографии.

g4 le3

Телефонот има 32GB внатрешна меморија која може да се зголемува благодарение на „microSD“ картички. „LG“ ја задржува опцијата за замена на батеријата. Кај „G4“ таа е 3000mAh, а компанијата најави дека ќе обезбедува поголема должина на работа со едно полнење во однос на „Galaxy S6“ на „Samsung“.

g4 le4

Оперативниот систем на „G4“ е „Android 5.1 Lollipop“, а врз него е инсталиран новиот интерфејс „LG UX 4.0“. Тој има нов екран за прикажување на информации од графички контроли и апликации, овозможувајќи акцент на важни елементи за корисникот преку автоматска промена на боите. Друга корисна функција е можноста за правење на слика преку двојно притискање на копчето на задната страна на телефонот дури и при исклучен екран.

Продажбата на „LG G4“ ќе почнат постепено. Се разбира, телефонот ќе се нуди прво во Јужна Кореја, а потоа и кај 180 оператори ширум светот, а се очекува цените да се слични со оние на „G3“ од минатата година. Компанијата ќе објави достапноста на телефонот во одделни пазари во подоцнежна фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП