2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена добивката на Ford за 7 отсто

Намалена добивката на Ford за 7 отсто

0128-fordprofits_full_600

Нето добивката на Ford Motor падна во првото тромесечје за 7 отсто во однос на истиот период лани, на 924 милиони долари, што е последица на слабата продажба на возила во Северна Америка и на загубите во Јужна Америка.

Според деловниот извештај објавен во средата, приходите на Ford изнесуваа 33,9 милијарди долари, 5,6 отсто помалку во однос на првото тромесечје од минатата година.

Вториот по големина американски производител на автомобили ја задржа прогнозата за добивка пред оданочување за целата година од 8,5 до 9,5 милијади долари.

„Надворешното окружување во Јужна Америка се влоши за само неколку месеци“, рече финансискиот директор на Ford, Боб Шанкс.

Иако загубата во Јужна Америка е намалена на 189 милиони долари од минатогодишните 510 милиони долари, Шанкс предупредува дека економиите во регионот се наоѓаат во „рецесиски услови“.

Загубата во Европа се намали, пак, од 194 на 185 милиони долари, додека добивката во Азија и на Пацификот падна од 291 на 103 милиони долари.

Компанијата ја зголеми прогнозата за оперативна маржа во Северна Америка на 8,5 до 9,5 отсто, со оглед дека продажбата на моделот F-150 оди подобро од очекуваното.

Пазарниот удел на Ford во Северна Америка падна во изминатото тромесечје за 0,6 отстотни поени на 6,7 отсто, но Шанкс проценува дека ќе расте во текот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП