18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го претстави A8 Sport

Audi го претстави A8 Sport

a8 sport22

Нова спортска верзија на предводникот „A8“ претстави германската компанија „Audi“. Моделот го има додатокот „Sport“ во ознаката, а веќе се нуди на пазарот во Велика Британија.

„Audi A8 Sport“ претставува наследник на моделот „A8 Sport Executive“. Новиот модел е базиран на кратката верзија на новата генерација „А8“, а располага со иновативните „MatrixBeam LED“ светла, како и со браници, кои потсетуваат на оние кај спортскиот предводник „S8“. Тркалата се со големина од 19 инчи.

Во однос на внатрешноста, моделот е декориран со кожен тапацир „Valcona“ и располага со „GPS“ навигација, аудио систем „Bose“, автоматски капак на багажникот, електрични седишта и друго.

Погонот на „A8 Sport“ е доверен на два дизел мотори. Помалиот има волумен од 3,0 литарски и развива 262 КС, а кај поголемиот е 4,2 литарски „V8 TDI“ и моќта достигнува 385 КС. Најмоќниот мотор овозможува спринт од место до 100 км/час за 4,7 секунди, додека послабиот демонстрира во просек потрошувачка на гориво од само 5,7 л/100 км, покажуваат информациите од „Audi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП