20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUPS со сериозен раст на профитот

UPS со сериозен раст на профитот

ups22

Најголемата компанија во светот за достава „UPS“ значително го зголеми профит во првиот квартал благодарение на зголемувањето на цените.

Нето добивката е зголемена во периодот меѓу јануари и март со 12,6 отсто во споредба со претходната година или до 1,03 милијарди долари, изјави ривалот на „Deutsche Post“ во вторникот. Со тоа концернот успеа да ги надмине прогнозите на аналитичарите.

Во последниве месеци „UPS“ требаше да оствари сериозни инвестиции во домашната мрежа на достава, по што концернот започна програма за штедење и ги подигна цените.

Сега „UPS“ повторно оствари добивка и е на пат да ги постигне своите цели, истакна извршниот директор на концернот Дејвид Абни. Сепак приходите од продажбата се речиси во застој до 14 милијарди долари (раст од само 1,4%). Во овој поглед, компанијата која оперира во целиот свет, настрада и од силниот долар.

Компанијата најави и промена во менаџментот. Долгогодишниот финансиски директор Курт Кен заминува во пензија, а неговото место ќе го заземе Ричард Перец, кој работи во компанијата од 1981-ва година.

„UPS“ беше принудена да инвестира 500 милиони долари во својата домашна мрежа за достава, откако во 2013-та година компанијата не успеа да се справи со вистинскиот прилив на пакети и пратки за време на Божиќ. Настрадаа финансиските резултати и имиџот на компанијата.

Сега компанијата треба да се подготви за сериозна конкуренција, пред се во Европа поради „FedEx“, која има намера да го купи холандскиот концерн „TNT“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП