2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеномираните весници „Вашингтон пост“ и „Волстрит журнал“ ги препорачаа македонските вина

Реномираните весници „Вашингтон пост“ и „Волстрит журнал“ ги препорачаа македонските вина

stobi

Американскиот весник „Волстрит журнал“ го рангираше виното „Жилавка“ на македонската винарија „Стоби“ меѓу топ пет пролетни вина во светот. Минатиот месец и „Вранец“ од бербата од 2012 година беше препорачан од реномираниот „Вашингтон пост“ и ја доби оценката – „одличен“.

Македонските сладокусци ќе може да ги дегустираат овие две сортни вина, како и многу други, на штандoт на „Стоби“ на претстојниот „Веро вино-фест“ кој ќе се одржи од 6 до 10 мај на паркингот кај трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје.

Винскиот критичар на „Волстрит журнал“, Вил Лионс за „Жилавка“ напиша: „ Ова вино е направено од помалку позната сорта на грозје и е апсолутно воодушевувачко. Бело, со убава и нежна сламеста боја, а поттекнува од Република Македонија. Има прекрасна миризлива нишка со ноти на дуња, зрели праски и лимон. Уште на првата голтка е сочно и лесно со суптилна лутина. Одлично оди со зачинета храна“.

Во март новинарот на „Вашингтон пост“ го препорача „Стоби Вранец“ посочувајќи дека станува збор за едно од најтемните вина кои досега ги видел. „Богато е и силно со слатки и зрели овошни вкусови“, е истакнато во краткиот текст посветен на ова вино.

stobi

Винаријата „Стоби“ е основана во 2008 година и лоцирана е во општината Градско веднаш до локалитетот Стоби. Годишно произведува околу 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино распределено во четири категории – премиум, елит, класик и традиционални. Најголемиот дел од виното се пласира на странските пазари меѓу кои и Америка, каде овие вина може да се купат во голем број продавници како и преку интернет.

Виното „Жилавка“ засега не е во продажба во Македонија, но сите заинтересирани ќе може да го вкусат овој квалитетен пијалок на „Веро вино-фест“, а “Вранец” е достапен како дел од редовното портфолио на „Стоби“ во сите продажни места во државава.

zilavk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП