21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung повторно е најголем производител на паметни телефони во светот

Samsung повторно е најголем производител на паметни телефони во светот

samsi 33

„Samsung Electronics“ си ја врати титулата на најголем производител на паметни телефони во светот, според новото истражување, чии резултати беа објавени вчера.

Јужнокорејскиот гигант доставил 83.2 милиони смартфони на глобално ниво во првиот квартал од 2015-та година, обезбедувајќи 24% удел на пазарот на паметни телефони, според истражувањето на компанијата „Strategy Analytics“.

Пазарниот удел на компанијата се намалува во споредба од пред една година, кога беше 31%, но сепак е поголем од уделот на пазарот на „Apple“, кој изнесува 17,7%, откако американската компанија испорача 61.2 милиони паметни телефони во првите три месеци од годината. Уделот на производителот на „iPhone“ се зголемува, во споредба со една година претходно, кога беше 15,3%, но се намалува во споредба со четвртиот квартал од 2014-та година, кога бил 19,6%, според „Strategy Analytics“.

Резултатите ги разменуваат местата на компании во рангирањето на продажба за претходниот квартал. Според студија на „Gartner“ популарноста на „iPhone 6“ и помогнала на „Apple“ да го стигне „Samsung“ како најголем производител на паметни телефони со светот во четвртиот квартал од 2014-та година. „Apple“ продаде 74.8 милиони смартфони „iPhone“ во четвртиот квартал од 2014-та година, земајќи го во предвид најдобриот квартал во историјата. Овој резултат исто така и обезбеди нејзин удел од 20.4% на глобалниот пазар на паметни телефони, според „Gartner“. За истиот период уделот на „Samsung“ паѓа од 29,5% на 19,9% кај продадени 73 милиони смартфони.

Враќањето на „Samsung“ на првото место доаѓа, иако „IT“ и мобилниот бизнис на компанијата предвиде 57% пад на годишна основа во оперативната добивка за првото тримесечје. Од „Samsung“ не го откриваат точниот број на продадени паметни телефони, но според аналитичарите, компанијата има продадено 82 милиони смартфони за првиот квартал, во споредба со 89 милиони, една година порано.

Податоците на „Strategy Analytics“ не ја вклучуваат продажба на „Galaxy S6“ и „S6 Edge“, кои излегоа на пазарот претходно во овој месец.

Од „Samsung“ прогнозираа рекордни продажби на „Galaxy S6“ и тврдат дека паметните телефони се продаваат побрзо отколку компанијата што може да ги произведе.

Истражувањето на „Strategy Analytics“ покажува дека на пазарот на паметни телефони главни играчи продолжуваат да се само двајца. „Lenovo-Motorola“, чие спојување беше финализирано во октомври, има пазарен удел од 5,4% со испорачани 18.8 милиони смартфони. Зад „Lenovo“ е рангиран „Huawei“ со 5% удел на пазарот и 17.3 милиони доставени смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП