16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple запиша нови рекордни приходи за последниот квартал

Apple запиша нови рекордни приходи за последниот квартал

Earns Apple

Вториот квартал на фискалната 2015-та година на „Apple“ исто така ќе влезе во историјата на компанијата со последователни рекорди. Во овој период нејзините приходи се зголемија за 27% благодарение на рекордни продажби на „iPhone“ и „Mac“.

За прв пат „Apple“ продава повеќе „iPhone“ уреди во Кина, отколку во САД. Само во Кина приходите на компанијата скокнаа за 71% до 16,8 милијарди долари. Вкупните приходи на „Apple“ за периодот изнесуваат 58 милијарди долари, а нето добивката е 13,6 милијарди долари. Вкупно 69% од сите приходи на компанијата доаѓаат од меѓународна продажба.

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук објави дека брзо растечката средна класа во Кина е меѓу главните мотори на големите продажба на „iPhone“. Вкупно компанијата има продадено 61.2 милиони смартфони во целиот свет, што е за 40% повеќе на годишна основа.

Компанијата има продадено и 4.5 милиони компјутери „Mac“, а тука се вклучени, како десктоп, така и преносни модели. Тоа е за 10% подобри перформанси во однос на минатата година.

Единствената лоша вест повторно е таблетот „iPad“. Компанијата продала 12,6 милиони единици, што е пад од 23% во споредба со минатата година.

Apple“ ја зголемува и дивидендата за акционерите за 11% до 52 центи по акција. Компанијата предвидува дека до крајот на 2017-та година ќе врати на акционерите 200 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП