22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДруловиќ промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација

Друловиќ промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација

drulovic33

Љубинко Друловиќ (46) денеска ја имаше својата промоција во нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Тренерот кој играчката и тренерската кариера ја градел во Португалија, најголемиот успех го има постигнато со репрезентацијата на Србија до 19 години со која стана Европски првак.

Друловиќ на клупата на репрезентацијата го наследи Бошко Ѓуровски кој поради лошите резултати доби отказ. Српскиот стратег дебито на клупата ќе го има на мечот со Словачка на 14-ти јуни.

„Јас мислам дека Македонија има талентирани играчи се надевам дека со мојот систем уште од првиот момент ќе покажеме дека имаме иднина. Мора да постои тимски дух, да има „хемија“ меѓу фудбалерите. Го практикувам португалскиот систем на работа и игра и тоа ќе им го пренесам на играчите. Имам доста информации за македонскиот фудбал, познавам многу од репрезентативците, а од моите соработници (Игор Ангеловски) ќе видиме колку играчи од домашното првенство ќе можат да играат во А репрезентацијата“, рече Друловиќ.

Македонија на половина од квалификацискиот циклус се наоѓа во многу лоша позиција во Ц групата со само три бода. Поразот од Белорусија ги смести ’црвено-жолтите’ на претпоследното место во групата со бод помалку од Белорусите и пет бодови помалку од третопласираната Украина.

„Ќе се обидам репрезентацијата да игра добро и да има добри резултати. Мислам дека Македонија има квалитет и дека може и мора да игра на едно повисоко ниво, да биде сериозен противник за секоја репрезентација против која ќе игра, но потенциран дека најбитен ќе биде тимскиот дух“, рече селекторот дополнувајќи дека ќе се обиде да го имплементира омилениот свој систем 4-2-3-1 во играта на националниот тим.

Друловиќ одговори и на шпекулациите на одредени медиуми дека албанските играчи ќе ја бојкотираат репрезентацијата.

„Фудбал во целиот свет е ист, не е важно дали некој Албанец, Македонец или Србин за мене сите играчи се исти. Играчите со својата желба и односот спрема репрезентацијата и играта треба да покажат дека го заслужуваат местото во тимот. Се надевам дека со тие кои ќе бидат повикани ќе имам добри односи“.

Исто така новиот македонски селектор проговори и за Горан Пандев кој се откажа од настапите за националниот тим.

„Пандев е првото македонско име во овој момент, врвен играч. Се надевам дека ќе може да ни помогне, сигурно е дека јас ќе разговарам со него. Сигурен сум дека никој од вас не знае зошто тој се откажал од репрезентацијата. Сепак тој треба да реши дали ќе се врати во тимот, за него вратата на репрезентацијата секогаш е отворена“.

Новиот македонски селектор на својата промоција соопшти дека во работата ќе му помагаат Игор Ангеловски тренерот на Работнички, Португалецот Луис Диого Кампош и Арџент Беќири кој беше дел и од стручниот штаб на претходниот селектор Бошко Ѓуровски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП