21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов евтин смартфон на Huawei - Honor 4C

Нов евтин смартфон на Huawei – Honor 4C

e huawei

Кинескиот производител на паметни телефони – „Huawei Technologies“ денеска го претстави својот најнов евтин смартфон – „Honor 4C“.

Со него компанијата цели да ги засили позициите на високо конкурентниот сегмент на евтини паметни телефони, каде што се концентрирани главно на продажбата на пазарите во развој.

Моделот е директен предизвик кон најевтините смартфони на главниот конкурент на компанијата на кинескиот пазар – „Xiaomi“.

Смартфонот е со 5-инчен дисплеј, или истиот по големина како популарниот модел „Xiaomi Mi 4“, но стартната цена му е сепак далеку помала 799 јуани (129 долари), во однос на онаа од 250 долари за моделот „Mi 4“.

Резолуцијата на екранот на „Honor 4C“ е 1.280 x 720 пиксели и 294 точки по инч. Процесорот е осумјадрен „Kirin 620“ со фреквенција од 1.2 GHz. Тој е со 13 мегапикселна задна и 5 мегапикселна предна камера. Оперативната меморија е од 2 GB, а внатрешната е 8 GB, која може да се прошири со картичка до 32 GB. Батеријата е со капацитет од 2.550 Мah.

e huawei1

За да се намалат трошоците, моделот „Honor 4C“ ќе се продава главно онлајн, во популарните онлајн продавници, меѓу кои се сајтовите на „Alibaba Group Holding“.

Основана од „Huawei“ пред помалку од две години, во голема мера независната единица, „Honor“ пушти на пазарот неколку евтини смартфони, кои забележаа исклучителна популарност.

Овие паметни телефони, слично на „Xiaomi“ се нудат ексклузивното онлајн. Од „Huawei“ објавија дека продале 20 милиони смартфони со брендот „Honor“ во изминатата година, или речиси една третина од продадените од „Xiaomi“ 60 милиони смартфони за 2014-та година.

„Huawei“ е четвртиот најголем производител на паметни телефони во светот со продадени 68 милиони смартфони во изминатата година, или пазарен удел од 5,5% на глобално ниво, според податоците на консултантската компанија „Gartner“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП