18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКарактеристиките на европскиот Mustang (фото+видео)

Карактеристиките на европскиот Mustang (фото+видео)

fm evropa

Со два бензински мотори ќе се нуди во Европа новата генерација на „Ford Mustang“, стана познато од откривањето на техничките карактеристики на моделот.

„Автомобилот со најбрзо забрзување на сериски модел на „Ford“ за Европа“, вака од компанијата ја претставуваат американската икона, ќе може да се нарача со 5,0-литарски V8 мотор, развива 421 КС и 530 Нм. Агрегатот е атмосферски, поврзан со шестбрзински мануелен менувач и забрзува од место до 100 км/час за 4,8 сек. Просечната потрошувачка на гориво е 13,5 l/100 km.

fm evropa1

Послабиот, но помодерен и поекономичен мотор има волумен од 2,3 литри. Агрегатот со четири цилиндри е од серијата „EcoBoost“, располага со турбо и развива 317 КС и 432 Нм. Со овој мотор новиот „Mustang“ достигнува 100 км/час за 5,8 секунди и троши во просек 8,0 л/100 км, покажуваат податоците.

Податоците се однесуваат на верзијата купе со мануелен менувач.

fm evropa2

Сите верзии на моделот за Европа ќе имаат стандарден пакет „Performance“, помоќни кочници и оптимизиран систем за ладење на моторот. За возачот ќе бидат достапни четири начини на управување – „Normal“, „Sport +“, „Track“ и „Snow/Wet“ кои се активираат со копче поставено во внатрешноста.

Во опремата влегуваат уште „HID“ предни светла, 19-инчни тркала, заден дифузор, клима со две зони, систем „SYNC“ и други. Европскиот „Mustang“ ќе биде достапен како купе и кабриолет со мануелен или автоматски менувач.

Првите испораки на моделот ќе бидат реализирани во текот на јули, а во „Ford Europe“ веќе имаат добиено над 2.200 пред-нарачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП