7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVivo наскоро ќе претстави смартфон со предна камера од 32 MP?

Vivo наскоро ќе претстави смартфон со предна камера од 32 MP?

viv kamera

Според информациите кои се појавија во кинеските медиуми на 6-ти мај компанијата „Vivo“ ќе го претстави својот нов смартфон – „Vivo X5 Pro“. Со цел дополнително да ги загрее потенцијалните купувачи, маркетинг тимот на компанијата започна да објавува детали, а најновите укажуваат на тоа дека предната камера има резолуција од 32 MP.

Се чини дека љубителите на „селфи“ фотографии конечно ќе добијат достоен уред со кој ќе можат да ги прават своите омилени слики. Но, сепак споменатата резолуција треба да се земе со одредена доза на резерва. Имено според интернет страната „Gizmo China“, постои можност на предната страна да биде камера со помала резолуција – на пример 8 или 13 MP, a остатокот од работата ќе го направи софтвер кој од повеќе фотографии ќе ја „произведе“ онаа од 32 MP.

Што се однесува од останатите (главни) спецификации тие не се толку познати. „Vivo X5 Pro“ ќе го користи процесорот „Qualcomm“ 64-битен – „Snapdragon 615“, додека од софтверска страна ќе биде верзијата „Lollipop“ на „Android“ заедно со корисничкиот интерфејс на компанијата „Funtouch“. Што се однесува до меморијата на уредот, тој ќе пристигне со 3 GB RAM и со 32 GB простор за чување на податоци.

За крај може да се додаде дека „Vivo X5 Pro“ ќе има заоблен (2.5D) екран со дијагонала од 6 ични, како и батерија со капацитет од 3.500 mAh. Повеќе за овој уред ќе дознаеме на денот на самото претставување, односно на 6-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП