18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРојтерс анкета: 40 отсто шанси Грција да излезе од еврозоната

Ројтерс анкета: 40 отсто шанси Грција да излезе од еврозоната

reu

Изгледите за излез на Грција од еврозоната се искачија на 40 проценти, покажува анкетата на Ројтерс во која учествуваа трговците на валути на светските пазари.

Сепак, половина од испитаниците сметаат дека земјата би можела да остане во еврозоната, дури и во случај таа да банкротира.

Истражувањето покажува дека испитаниците се поделени во однос на клучното прашање- дали Грција ќе остане членка на еврозоната дури и ако банкротира.

Од 20 трговци кои учествувале во анкетата , 12 сметаат дека во случај на банкрот на Грција, таа може да остане во еврозоната, додека 8 сметаат дека тоа не може.

Атина наскоро ќе снема средства за исплата на пензии и платите на државните службеници, ако нејзините кредитори од ЕУ и ММФ не и одобрат понатамошна финансиска помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП