21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМоќен и скап: Се исплати ли поголемо вложување во Samsung S6 edge?

Моќен и скап: Се исплати ли поголемо вложување во Samsung S6 edge?

Samsung Galaxy S6; Galaxy S6 Edge

„S6“ и „edge“ ги делат сите важни карактеристки, а иако „edge“ изгледа одлично, неговите заоблени рабови не се доволно искористени, додека самиот уред е прилично поскап од „S6“.

Со заоблениот екран на двете страни, одличниот „Samsung Galaxy S6“ се претвори во уште поубав телефон. Со право може да се каже дека ова е премиум модел, а така и чини. „Galaxy S6 edge“ ги дели скоро сите важни спецификации како и „S6“, но со екранот на кој му се заоблени рабовите многу е посакуван и тешко ќе го замените со некој друг телефон.

Меѓутоа, токму тој заоблен дел од телефонот е тој каде „Samsung“ не е брилијантен. „Note Edge“ покажа колку страничните панели можат да имаат корисна примена. Тука интерфејсот е сведен во основите на алатките за одредени нотификации, а дури и тоа можеле да го направат подобро. Проблемот се јавува кај некои апликации во кои преку ивиците на екранот минува делот кој морате да го прочитате, а и сликата е малку искривена.

Идеата на „Samsung“ е телефонот да стои на маста со дисплејот свртен надоле, па светлосните ефекти и бои да ви сигнализираат што се случува.

Заоблената горна страна на телефонот и долната рамна, исто така на некого можат да му пречат во секојдневното користење. Сепак природно е заоблениот дел да ни лежи во раката.

Samsung“ во изработката на „S6“ одлучи да користи премиум материјали, доработени се дизајнот и самата конструкција. Стаклото на двете страни има метална рамка и дава впечаток дека „S6 edge“ е поскап, а и конечно се ослободија од пластиката, која би требала да биде резервирана за телефоните кои не се топ модели.

Во внатрешноста не чека малку поголема батерија во однос на „S6“ (2600 mAh – 2550 mAh) и истиот „Exynos“ процесор со осум јадра на кои им помага 3 GB работна меморија. Доволно е се да правите кога ќе посакате и како сакате. Може да се избере меѓу модели со 32, 64 и 128 GB меморија, а желбата на „Samsung“ очигледно е да се купуваат телефони со поголема меморија, затоа што во овој смартфон неможе да се вметне мемориска картичка. Нормално, овој проблем може да се реши со „cloud“ сервисите на кои може да се чува музика, фотографии и се што неможе да собере во телефонот, или на „USB“ кој има „micro USB“ влез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП