2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo претстави смартфон со 4 GB RAM меморија

Lenovo претстави смартфон со 4 GB RAM меморија

le 4gb

Кога смартфонот на „Asus“ – „Zenfone 2“, беше презентиран за време на саемот во Лас Вегас за потрошувачка електроника во почетокот на годината, тој беше единствениот модел во светот со 4 GB RAM меморија.

До денес работите веќе не стојат така, откако модел со слично количество на „RAM“ меморија пласираше на пазарот и водечкиот кинески производител на паметни телефони – „Lenovo“.

le 4gb1

Од „Lеnovo“ претставија својот модел „Lenovo K80“ кој ќе е со 64-битен процесор со фреквенција од 1.8 GHz Intel Atom, како и 4 GB RAM меморија. Смартфонот ќе е со оперативен систем „Android 5.0 Lollipop“, како и 5.5-инчен дисплеј со резолуција 1.080 пиксели. Камерата ќе му е 13-мегапикселна, а внатрешната меморија ќе биде 64 GB.

Другата карактеристика на смартфонот ќе е најмоќната му батерија од 4.000 mAh. Првично моделот ќе се нуди во Кина на 30-ти април по цена од 1.800 јуани (290 долари), што се смета за доста конкурентна цена за смартфон со слични карактеристики. Смартфонот ќе се нуди и во верзија со 2 GB RAM меморија, кој ќе се продава по пониска цена од 1.500 јуани (240 долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП