17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch е многу повеќе водоотпорен отколку што се очекуваше (видео)

Apple Watch е многу повеќе водоотпорен отколку што се очекуваше (видео)

aj cas3

Начинот на кој „Apple Watch“ е дизајниран и на кој се рекламира, секако не значи дека овој паметен часовник е премногу отпорен.

Меѓутоа, уредот има одредено ниво на заштита и „IPX7“ сертификат, што значи дека е водоотпорен до едно метро и во времетраење до 30 минути. Сепак, можно е и дека „Apple“ поради законски причини малку го намали рекламирањето на можностите на својот паметен часовник, што значи дека „Apple Watch“ е способен за многу повеќе, од тоа што официјално ни се претставува.

Токму тоа се одлучи да го тестира тимот „FoneFox“ од Австралија, а тестовите покажаа дека паметниот часовник е поотпорен отколку што се мислеше.

Паметниот часовник е користен за време на кратко туширање, подолго туширање со сапуница, чување на уредот во сад со вода за време од пет минути, а потоа и за време на пливање и нуркање во базен во период од 15 минути.

Сите овие активности не оставија никаков траг или оштетување на паметниот часовник. Тимот кој го тестираше часовникот не забележа видлива штета, а „Apple Watch“ продолжи да работи нормално.

Заклучокот е дека корисниците не би требало толку да се грижат доколку споменатиот уред и потоне во вода, дури и во период од неколку минути.

А како „Apple Watch“ го мина тестот со гребаници и ударите со чекан, погледнете во ова видео:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП