28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегион: Бензините најскапи во Грција, дизел горивото најевтино во Македонија

Регион: Бензините најскапи во Грција, дизел горивото најевтино во Македонија

ben

Најскап бензин во регионот на ден 22 април плаќале Грците и тоа по цена од 1,58 евра за литар, а најевтин во Босна и Херцеговина- 1,04 евра за литар, додека кај нас плаќаме 1,12 евра за литар.

Кога е во прашање дизел горивото, на 22 април најевтино можело да се купи во Македонија по цена од 0,88 евра за литар, а најскапо било во Грција по цена од 1,29 евра. После Грција, Романија плаќа 1,26 евра за литар, Хрватска -1,24 евра, Албанија- 1,23 евра, Србија- 1,21 евра, Унгарија-1,20 евра, Словенија 1,19 евра, Бугарија-1,17 евра, Црна Гора-1,15 евра и Босна и Херцеговина-1,04 евра за литар .

Најголем пораст на цените на горивото во претходниот месец е забележан во Грција и тоа со околу 7,8 отсто, потоа во Црна Гора од 5,8 до 6,5 отсто и во Хрватска од 4,34 до 4,64 отсто.

Кај нас бензинот поскапе за нешто повеќе од 2 отсто, додека пак дизелот поевтини за речиси истиот процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП