28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинималната плата во Косово најниска во регионот

Минималната плата во Косово најниска во регионот

evra-evro-evra

Минималната плата во Косово и понатака е најниска во регионот, а синдикатот бара нејзино корегирање и укинување на категоризацијата според која минималната плата зависи од возраста.

Минималната плата за косовските работници не е променета од 2011 година а се категоризира врз основа на возраста. За вработените под 35 години таа изнесува 130 евра, а за оние кои имаат повеќе од 35 години таа изнесува 170 евра, пренесуваат приштинските весници.

Одлуката за тоа може да ја донесе само Владата, а потпретседателот на Независните синдикати на Косово Алуш Сајдиу вели дека на наредниот состанок на Социјално-економскиот совет ќе побара корекција на платата и укинување на категоризацијата врз основа на годините.

Претседателот на бизнис Алијансата на Косово Агим Сахини изјави дека во текот на оваа година треба да се разговара за тоа прашање и да се види дали зголемувањето на минималната плата ќе го оптерети приватниот сектор.

Социјално-економскиот совет го води министерот за труд и социјала Арбан Абраси, кој не се изјасни за ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП