16 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСледниот iPhone ќе биде поиздржлив

Следниот iPhone ќе биде поиздржлив

ajfonce333

Кога „Apple“ ги лансираше „iPhone 6“ и „6 Plus“, наиде на лавина критики заради тврдењата дека телефоните се виткаат во џебовите на корисниците.

Оттаму се роди целиот „bendgate“ скандал, а компанијата сака да се осигура дека тоа никогаш повторно нема да се случи. Според одредени гласини, „Apple“ сака да ги избегне можните негативни критики и затоа наредната генерација на „iPhone“ ќе биде подобро изработена и поотпорна.

Доколку гласините се точни, за наредниот „iPhone“ ќе биде користен истиот материјал како и за „Apple Watch“. Станува збор за легура на алуминиум која уредот ќе го направи практично невозможен за виткање.

Тоа значи дека „iPhone 7“ ќе биде изработен од сосема друг материјал за разлика од „iPhone 6“ моделот. Во секој случај, информацииве треба да се земат со доза скептицизам, а допрва нè очекуваат гласини за новата генерација на „Apple“ смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП