30 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајтенките смартфони на пазарот во моментов (фото)

Најтенките смартфони на пазарот во моментов (фото)

tenki nas

Во светот на смартфоните борбата помеѓу производителите, во однос на дизајнот, во голема мера е поврзана со дебелината на мобилните уреди. Еве некои од најтенкети смартфони во моментот.

„Samsung Galaxy Alpha“

tenki a

Ова е првиот паметен телефон на „Samsung“ со метално куќиште. Смартфонот е со дебелина од 6.7 милиметри. Тој е со 2 GB RAM меморија и 12-мегапикселна камера. Процесорот му е осумјадрен „Exynos 5“.

„Samsung Galaxy A5“

tenki 2

Моделот исто така е со дебелина од 6.7 mm, иако е од средната класа. Тој е со цена од околу 400 долари без договор. Се одликува со 2 GB RAM меморија и процесор од сопствено производство на компанијата – „Adreno 306“.

„Samsung Galaxy A7“

tenki 3

Дебелината на овој паметен телефон е само 6.3 милиметри, а тој е со голем 5.5-инчен екран и малку подобри технички карактеристики од моделот „А5“. Процесорот е „Snapdragon 615“, а камерата е 13-мегапикселна. Оперативната на овој уред е 2 GB. Смартфонот е со 5 мегапикселна предна камера.

„Samsung Galaxy S6“

tenki 4

Најновиот симбол модел на „Samsung“ се одликува со дебелина од 6.8 мм, додека дебелината од 6.9 мм е за неговиот главен конкурент – „iPhone“. Моделот е на пат да се претвори во еден од најпродаваните „Android“ – смартфони во оваа година.

„Huawei Ascend P7“

tenki 5

Дебелината на овој паметен телефон е 6,5 мм. Тој се одликува со чип, произведен од „Huawei“ – „Kirin 910T“, како и 2 GB RAM меморија. Задната камера е 13-мегапикселна, а предната е од 8 мегапиксели.

„Huawei P8“

tenki 6

Овој неодамна претставен смартфон е со новиот процесор на компанијата – „Kirin 930“. Тој е со RAM меморија од 3 GB. Корисниците добиваат задна камера со резолуција од 13 мегапиксели со двоен блиц, како и 5-мегапикселна предна камера. Инаку процесорот е осумјадрен со фреквенција од 2 GHz.

„BLU Vivo IV“

tenki 7

Смартфонот е со дебелина од 5,5 мм. Тој е ребрендирана верзија на кинескиот модел „Gionee Elife S5.5“ кој компанијата „BLU“ го продава во повеќе делови на светот. Оригиналот на овој модел го држеше рекордот за најтенок паметен телефон во светот, но за кратко време. Во однос на техничките карактеристики, тој е со процесор „MediaTek 6592“, како и 2 GB RAM меморија и 13-мегапикселна камера.

„BLU Vivo Air“

tenki 8

Ова е еден од најтенките паметни телефони во светот со дебелина од само 5,1 мм. И тој е ребрендирана верзија на кинескиот модел „Gionee Elife S5“. Уредот е со 1 GB RAM меморија и процесор „MediaTek 6592“. Главната камера исто така е со помала резолуција од горниот модел – 8 мегапиксели.

„Gionee Elife S7“

tenki 9

Дебелината на смартфонот е 5,5 мм. Тој е со 64-битен процесор осумјадрен „MediaTek 6752“, 13.1 – мегапиксели камера и 2 GB RAM меморија.

„Oppo R5“

tenki 10

Уште еден модел кој со дебелината од 4.85 мм и кој го држеше за кратко рекордот за најтенок паметен телефон. Тој е со 64-битен процесор „Snapdragon 615“, 13 мегапиксели задна камера и 2 GB RAM меморија.

„Vivo X5 Max“

tenki 11

Овој смартфон е најтенкиот во светот со дебелина од само 4,8 мм. Иако има тенко куќиште, тој е со 64-битен процесор „Snapdragon 615“, 13-мегапикселна камера и 2 GB RAM меморија. Смартфонот се нуди само во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП