5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната ја предупреди Грција дека без реформи нема пари

Еврозоната ја предупреди Грција дека без реформи нема пари

grcija556565313

Министрите за финансии од земјите на еврозоната упатија во петокот остро предупредување за Грција порачувајќи дека доколку владата на крајната левица не донесе сеопфатен план за реформи, нема да ја добие новата програма за финансиска помош.

По тешките преговори со грчкиот министер за финансии Јоргос Варуфакис, шефот на Еврогрупата (министрите за финансии на земјите од еврозоната), Јероен Дијселблом го отфрли барањето за исплата на готови пари во замена за делумни реформи. Истакна притоа дека преостанатите 7,2 милијарди евра од замрзнатата актуелна програма за помош нема да ѝ бидат ставени на располагање на Атина по јуни, како и дека грчките доверители нема да разговараат за продолжување на финансирањето и намалување на долгот, сé додека грчката влада не го исполни преодниот договор.

„Потребен е сеопфатен и детален список реформи. Сеопфатниот договор е неопходен пред каква и да е исплата… Сите знаеме дека времето истекува“, изјави Дијселблом на прес-конференцијата по средбата на Еврогрупата во Рига.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот оти се надева на постигнување спогодба до крајот на април.

Меѓутоа, Дијселблом истакна дека министрите за финансии повторно ќе го разгледаат напредокот дури на 11-ти мај, ден пред Грција да ги исплати 750-те милиони евра од кредитот од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Директорот на вториот грчки кредитор, Европската централна банка (ECB), Марио Драги изјави дека банката ќе продолжи да ги кредитира грчките банки сé додека проценува дека се солвентни. Но предупреди дека сé поголемиот принос на државните грчки обврзници ја намалуваат вредноста на колатералите коишто банките ги даваат за да добијат кредити.

Европскиот комесар за економија, Пјер Московиси, истакна дека и покрај одредениот напредок последните денови, меѓународните кредитори не се ниту блиску постигнување договор со Атина. „Нашата порака денеска е многу јасна: Мораме да забрзаме, и тоа денеска…. нема поинакво решение доколку сакаме да ја постигнеме заедничката цел, а тоа е стабилна и просперитетна Грција во еврозоната“, рече Московиси.

Варуфакис се обиде да ги намали разликите, велејќи дека министрите се договориле околу забрзувањата на преговорите кои доцнат и поради истрајноста на Атина тимовите на Европската комисија, ECB i MMFда ги одбегнуваат долготрајните престои во земјата поради страв од јакнењето на гневот на грчката јавност против таму омразената ткн „тројка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП