
На пазарот ќе се појави нов телефон, кој не наликува на ниту еден модел од познатите производители.


На пазарот ќе се појави нов телефон, кој не наликува на ниту еден модел од познатите производители.
„Turing Phone“ е еден од производите на компанијата „Turing Robotic Industries“ од Сан Франциско, која има за цел да ја заостри конкуренцијата на пазарот со уред кој има едноставен изглед и безбеден софтвер.
Направен е од „течен метал“, легура која лесно се обликува, но е многу отпорна и досега се користеше само за мали делови.

„Turing Phone“ вклучува и т.н. „технологија за децентрализирана проверка“ која овозможува уредот да ги препознае другите слични на себе и да ги споделува информациите безбедно, без потреба за проверка на кодот од „трети страни“, како што е случај со „Apple“ и „Google“.
Тоа би било корисно за ограничени доверливи мрежи, исто како оние во помалите компании.
Исто така, телефонот ќе има сензор за отисок на прстите, кој ќе овозможува отклучување на телефонот и магнетен полнач, кој на корисникот му овозможува подолго користење на телефонот.
Инаку, „Turing Phone“ има екран од 5.5 инчи со 1080p, 3 GB RAM и процесор со 2,5 GHz и четири јадра. Задната камера има 13 мегапиксели, додека предната за „селфи“ фотографии е со 8 мегапиксели.
Верзијата од 64 GB би требало да чини 740 долари, кога во август ќе стартува продажбата на овој нов паметен телефон.