7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy Tab S2 ќе биде најтенкиот таблет на Samsung

Galaxy Tab S2 ќе биде најтенкиот таблет на Samsung

SAMSUNG CSC

„Samsung Galaxy Tab S2“ во последните неколку месеци многу често се појавува во медиумите како предмет на шпекулации.

Тоа и не е големо изненадување, затоа што станува збор за продолжување на познатата линија на таблети на компанијата „Samsung Galaxy Tab“, која треба да се појави во скоро време.

Во овој момент нема премногу информации, но се претпоставува дека овој уред ќе биде потенок и од „iPad Air 2“ таблетот.

Имено, познатиот „OnLeaks“ отркива дека „Galaxy Tab S2“ ќе биде значително тенок, односно дека димензиите ќе му бидат 237,17 mm x 169,58 mm x 5,5 mm. Па така тоа ќе го направи досега најтенкиот таблет на „Samsung“ и еден од најтенките таблети воопшто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП