11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса на Баерн, Јувентус против Реал

Барса на Баерн, Јувентус против Реал

ls polu

Жрепката во Нион, која се одржа денеска, одлучи во полуфиналето на најеминентното фудбалско натпреварување во светот, Лигата на шампионите, да ги спои Барселона и Баерн Минхен, односно Јувентус-Реал.

Реал во четвртфиналето го елиминираше градскиот ривал Атлетико, во еден двомеч во кој еден гол го реши победникот. Баерн, против Порто го загуби првиот меч со 3:1, но во реваншот пред своите навивачи Баварците го декласираа противникот со 6:1.

Барселона без проблеми се справи со ПСЖ во двата меча забележа победа (3:1, 2:0), додека Јувентус со 1:0 и 0:0 го мина Монако и по 12 години повторно избори полуфинале во ЛШ.

Првите полуфинални мечеви во Лигата на шампионите ќе се одиграат на 5-ти и 6-ти мај, а реваншите се на 12-ти и 13-ти мај. Финалето е на 6-ти јуни во Берлин.

Трофеи, Реал Мадрид: Куп/Лига на шампиони-10, Првенство-32, Домашен куп-19, Куп УЕФА/Лига Европа-2.

Трофеи, Барселона: Куп/Лига на шампиони-4, Првенство-22, Домашен куп-22, Куп УЕФА/Лига Европа-4, Куп на победници на купови-4.

Трофеи, Баерн Минхен: Куп/Лига на шампиони-5, Првенство-24, Домашен куп-17, Куп УЕФА/Лига Европа-1, Куп на победници на купови-1

Трофеи, Јувентус: Куп/Лига на шампиони-2, Првенство-28, Домашен куп-9, Куп УЕФА/Лига Европа-3, Куп на победници на купови-1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП