18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch: Денеска стартува продажбата, но без многу помпа

Apple Watch: Денеска стартува продажбата, но без многу помпа

Apple Watch

Продажбата на паметниот часовник „Apple Watch“ започнува денеска без вообичаената помпа својствена за овој информатички гигант.

Според оценката на „Ројтерс“, ова би можело да биде првиот показател на неизвесноста во поглед на обемот на побарувачка за овие производи направени по водство на новиот шеф, Тим Кук.

Компанијата не објави податоци за обемот на нарачки пред стартот на официјалното лансирање на часовникот на пазарот, спротивно на тоа што се случуваше при пуштањето во продажба на другите производи на овој произовдител.

Денеска ниту една продавница на „Apple“ нема да има примероци на „Apple Watch“ во продажба, туку само неколку продавници за лускузна стока во светот, затоа што компанијата сака да „игра на картата“ за тешка достапност со цел часовникот да го направат многу посакуван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП