25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на Тесла нема ни за свој автомобил

Основачот на Тесла нема ни за свој автомобил

tesla

Годишната основна плата на основачот на ,,Тесла моторс” ќе изнесува 37.440 долари, што е еквивалентно на годишна минимална плата во Калифорнија.

Основачот на компанијата за производство на луксузни електрични автомобили Илон Маск со оваа сума не е доволно за да купи луксузен автомобил на Тесла од моделот “S”, кој чини 69.000 долари.

Минатогодишната плата на Илон Маск била уште помала и изнесувала 35.360 долари.

Од своето основање во 2003 година, компанијата “Тесла моторс” работела со профит само во еден квартал во 2013 година. Минатогодишната загуба на компанијата изнесувала 294 милиони долари.

Маск поседува 26,7 отсто од акциите на компанијата, во вредност од 7,6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП