20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank казнета со рекордна сума за манипулација со каматни стапки

Deutsche Bank казнета со рекордна сума за манипулација со каматни стапки

dojce-bank

Американските и британските регулатори одредија во четвртокот за германската „Deutsche Bank“ парични казни во вкупен износ од рекордни 2,5 милијарди евра поради манипулација со каматните стапки.

Според одлуката на американските регулатори, најголемата германска банка мора да плати казна од 2,174 милијарди долари, додека британските регулатори ѝ одредија казна од 227 милиони фунти, или 341 милиони долари, затоа што „Deutsche Bank“ не ги спречила манипулациите со висината на каматните стапки LIBOR и EUBOR, важни за стотици милијарди долари во финансиски производи и кредити низ целиот свет.

Рекордната казна за германската банка претставува завршна фаза од седумгодишната истрага,.а со неа вкупниот износ казни одредени за водечките светски финансиски институции надмина 8,5 милијарди долари. Дополнително 21 трговски субјект и брокер се соочуваат со кривични пријави.

Германската банка, исто така, ќе мора да ги отпушти вработените коишто учествувале во незаконските дејствија и да им го забрани пристапот, како и да воведе независен надзор, се наведува во соопштението на њујоршкиот оддел на американскиот државен обвинител за финансиски услуги.

Од британската агенција за финансиско работење FCA, пак, нагласија дека незаконските работи дополнително го влошува фактот што банката во повеќе наврати се обидела да ги измами во врска со нив.

„Овој случај ја истакнува сериозноста и траењето на незаконските активности на Deutsche Bank, а тоа се огледува од висината на денешната казна“, заклучува Георгина Филипу, вршителка на должноста директор за спроведување и надзор на пазарот во британскиот регулатор.

„Одделот во Deutsche Bank развил култура на генерирање профити, неводејќи истовремено сметка за интегритетот на пазарите. Тоа не било ограничено на неколку поединци, туку на поедини дескови, според сé судејќи, било длабоко вкоренето3, дава Филипу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП