8 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook тестира Android апликација за повици (видео)

Facebook тестира Android апликација за повици (видео)

Facebook Hello app-970-80

Од „Facebook“ објавија дека ќе стартуваат со тестирање на својата нова мобилна апликација за „Android“ телефони – „Hello“.

Целосното име на апликацијата (Hello — Caller ID & Blocking) ја открива и нејзината вистинска смисла. „Hello“ ќе служи како голем телефонски именик кој ќе биде во состојба да ги препознава повикувачите кои имаат ист „Facebook“ профил.

На екранот на мобилниот во тој сличај при повик ќе ги покажува податоците на повикувачот, превземени од неговиот „Facebook“ профил, дури и ако лицето кое го повикува го нема неговиот број во именикот.

Покрај напредната „Caller ID“ функција оваа апликација ќе нуди и блокирање на повиците од одредени личности.

„Hello“ настана во рамките на „Messenger“, па и повиците во оваа апликација се извршуваат по пат на оваа платформа – целосно бесплатно. Нормално, апликацијата може да послужи и како замена за стандардните апликации за телефонирање на „Android“ уредите. Заинтересираните корисници можат веќе да ја превземат од „Play Store“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар