28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоп листа: Плати на Формула 1 возачите

Топ листа: Плати на Формула 1 возачите

formula-1-money-750x350 (1)

200 милиони долари ќе им бидат исплатени на возачите во Формула 1 оваа 2015 година, по основ на плата. Предничи Ферари кој на своите двајца пулени им “кешира’ 76 милиони долари, односно 38% од вкупната плата на сите пилоти. Воопшто не е “скржав“ ниту Рон Денис кого Алонсо и Батон заедно го чинат 51,6 милиони долари, што ќе рече речиси 26% од вкупната плата. На третото место на оваа листа, иако актуелни шампиони во обете категории, се наоѓаат Мерцедес кои оваа година ќе исплатат 45,8 милиони долари на Луис и Нико (речиси 23%).

Нееднаквоста во буџетите на тимовите најдобро се согледува со тоа што водечката тројка исплатува 87% од платите на сите возачи, а ако се земе во предвид и Вилијамс, таа бројка е 90%.

1. Себастијан Фетел – 50 милиони долари

Преминот од Ред Бул во Ферари го направи четирикратниот шампион – најплатен возач на најплатените трки. Неговата плата во првата година од договорот изнесува 50 милиони долари, а потоа ќе инкасира по 30 милиони долари плус бонуси во зависност од резултатите. Првиот Договор на Ветел со Ферари е потпишан годинава, со важност до 2017 година и вкупна загарантирана вредност од 110 милиони долари.

2. Фернандо Алонсо – 40 милиони долари

Не може да се пожали дека напуштањето на Ферари и договорот со Рон Денис не му дојде добро. Неговиот договор со Мекларен е на две години, до 2016, а според него, годишната плата ќе изнесува најмногу 40 милиони долари вклучувајќи ги сите бонуси.

3. Луис Хамилтон – 31 милион долари

Актуелниот првак, годинава ќе вози за 31 милион долари на име на “чиста плата“ плус бонуси во зависност од резултатите што може да достигне дополнителни 10 милиони долари. Ова е последна година од Договорот на Луис и Мерцедес, а најновите вести велат дека работата со новиот 3-годишен договор е речиси завршена.

4. Кими Раиконен – 26 милиони долари

Ферари е најдарежлив за своите возачи. Последната година од тековниот договор, Кими ќе ја извози за плата од максимум 26 милиони долари заедно со бонусите.

5. Нико Розберг – 14,8 милиони долари

Розберг ја одработува првата година од својот нов, 2-годишен договор со германскиот тим. Вицешампионот има двојно помала плата од “првиот возач“ на Мерцедес, Хамилтон. Основните 14,8 милиони долари може да бидат дополнително зголемени со бонуси во зависност од постигнатите резултати.

6. Џенсон Батон – 11,6 милиони долари

Мекларен Хонда има потпишано Договор на една година со искусниот, 35-годуишниот британец, на кого за верноста “ќе му искешира“ сума од 11,6 милиони долари.

7. Фелипе Маса – 4,45 милиони долари

Фелипе Маса важи за еден од најдобрите “развојни“ возачи во Формула 1. “Фидбекот“ кој тој го дава на инженерите е непроценлив. Тој ја одработува својата втора и последна година од Договорот со Вилијамс во која треба да заработи 4,45 милиони долари.

8. Нико Хулкенберг – 4 милиони

Иако релативно млад, 27-годишниот возач на Форс Индија ја вози последната година од едногодишното продолжување на договорот. Неговите услуги ќе го чинат тимот 4 милиони долари.

9. Даниел Рикардо – 3,71 милиони долари

Рикардо ја вози својата втора сезона во Формула 1, но неговиот тим, Ред Бул, по перформансите кои пилотот ги прикажа уште минатата година, “му го подобри“ повеќегодишниот договор, според кој тој ќе заработува 3,71 милион долари на годишно ниво.

10. Серхио Перез – 3,2 милиони долари

Мексиканецот Серхио Перез има повеќегодишен договор со Форс Индија. За својата верност кон екипата, неговата годишна плата ќе изнесува 3,2 милиони долари.

11. Роман Гросжан – 3,2 милиони долари

Французинот ја одработува последната година од договорот кој го врзува со Лотус. На име плата, годинава тој ќе заработи 3,2 милиони долари.

12. Пастор Малдонадо – 3,2 милиони долари

Возачите на Лотус се еднакви со платите. Малдонадо, како и Гросжан, вози за 3,2 милиони долари годишно. Но, тој има потпишано продолжување на договорот.

13. Валтери Ботас – 1,1 милиони долари

Младиот финец кој минатата, а и оваа сезона изненадува со одлични резултати за тимот на Вилијамс, има четири пати помала плата од искусниот Фелипе Маса. Тој добив 1,1 милион долари годишно.

14. Даниил Квјат – 750 илјади долари

Русинот Квјат дојде во  Ред Бул од сестринскиот тим, Торо Росо. Неговата едногодишна верност чини 750 илјади долари.

15. Макс Верстапен – 512 илјади долари

Верстпен го чини Торо Росо 512 илјади долари, но тој веднаш почна да ги оправдува вложените средства. Најпрвин забележа рекорд како најмлад возач во Формула 1, а потоа и како најмлад освојувач на поени.

16. Карлос Сајнз Јуниор – 370 илјади долари

Возачот со најголемо “семејно педигре“ од сите активни пилоти, синот на легендата во автомобилските трки, инкасира по 370 илјади долари годишно.

17. Маркус Ериксон – 185 илјади долари

Тимот на Заубер е најштедлив кога се во прашање платите на возачите, но имаат најисплатливи резултати. Своите 185 илјади долари Ериксон ги оправда уште на самиот старт од сезоната со освоеното 8-мо место.

18. Фелипе Наср – 185 илјади долари

Заубер ги има изедначено примањата на своите возачи. Најдобриот дебитант во Мелбурн, иако во многу силна конкуренција, е најслабо платен. Петтопласиранито во Австралија има годишна плата од 185 илајди долари.

Извор: krug.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП