„Toyota Motor Corp.“ продолжува да биде светски лидер во продажбата на нови автомобили на крајот на првиот квартал.
Со пласирани за периодот 2,52 милиони автомобили, јапонскиот концерн е пред германски „Volkswagen“ и американски „General Motors“, иако слабата економска конјуктура во Јапонија влијаеше на растот на „Toyota“, покажува информацијата.
Глобалната продажба на „Toyota“, според објавените податоци е намалена за 2 проценти во однос на истиот период од минатата година.
На второ место со 2,49 милиони автомобили во периодот јануари – март и раст од 1,8 отсто се позиционира „Volkswagen“. Третото место останува за американската компанија „General Motors“, која најави 2,4 милиони продадени возила и пораст од 1,9 отсто.
Трката меѓу трите компании е напната на меѓународно ниво, вклучувајќи и на новите пазари како Индија и Кина. Во 2014-та година лидереската позиција повторно беше за „Toyota“, а на второто и третото место завршија соодветно „Volkswagen“ и „General Motors“.