7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКомплетен тест на смартфонот Huawei P8 (видео)

Комплетен тест на смартфонот Huawei P8 (видео)

tes 5

„Huawei“ пред неколку дена го претстави смартфонот „P8“ во Лондон.

Сега можете да погледнете комплетен видео-тест кој беше поставен на „YouTube“ на каналот на интернет страната „Benchmark“.

Новиот телефон со кој „Huawei“ продолжува да чекори кон врвот го одликува премиум дизајн и алуминиумско куќиште, а од кинеската компанија велат дека детали во дизајнот би требало да потсетат на страниците и кориците на традиционалните книги.

Во уредот тенок 6.4 милиметри има место за две „SIM“ картички, а телефонот работи и на „4G“ мрежите, нов „Kirin 930“ 64-битен процесор со осум јадра, за кој во соработка со батеријата од 2600 mAh донесува 20 проценти подобри перформанси од уредите со слична батерија. „P8“ исто така има и подобри прилагодувања во работата во бучна околина или на ветер.

Многу внимание е посветено на камерата која предните фотографии ги снима во резолуција од 13 мегапиксели, а за која велат дека има најдобра оптичка стабилизација на сликите во индустријата, која треба да обезбеди секогаш остри слики. Се споменува и „RGBW“ сезнорот кој ја зголемува чувствителноста за 32 проценти при висока контраст и ја намалува за 78 проценти во услови на слабо осветлување. Вградени се и посебни режими за фотографирање кои би требало да обезбедат одлични ноќни слики, a тука е и опцијата за контролирање и снимање на видеа со повеќе поврзани „Android“ уреди.

Смартфонот може да се купи во сребрена, златна, црна и сива боја. Од „Huawei“ наведуваат дека постои и верзија со „e-ink“ екран на позадината, па неговиот заден дел се претвора во „eBook“. Стандардната верзија ќе чини 499, a премиум 599 eвра.

Покрај обичниот „P8“, „Huawei“ ја претстави и неговата „P8max“ верзија, која поради димензиите на екранот од 6.8 инчи комотно може да се нарече таблет. Исто така доаѓа со екран со 1080p, но и со „Dual SIM“ поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП