21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗHonda изненади со агресивен концепт (фото)

Honda изненади со агресивен концепт (фото)

d concept

„Honda“ ги изненади посетителите на саемот во Шангај, така што претстави концептуален модел со името „Concept D“. Според производителот тој е опремен со најсовремена технологија за безбедност, а треба да се претвори во нов предводник на брендот за Кина.

Кај сериската верзија сепак ќе дојде до промена во дизајнот на предниот дел, кој нема да биде толку аголнен. Се очекува масивните браници со интегрирани „LED“ светла да се задржат. Тркалата со големина 21 инчи, сепак ќе бидат заменети со помали.

d concept1

Кај концептот впечаток оставаат и камерите кои ги заменуваат стандардните ретровизори, како и дополнителните аеродинамични елементи, задни светла и дополнителниот спојлер на покривот. Некои од нив исто така најверојатно ќе отпаднат кај сериската верзија.

Моделот очигледно не е завршена, бидејќи недостигаат цевки на издувниот систем. Сепак, ова може и да значи дека кросоверот ќе биде придвижуван со електрична енергија. Од истата причина од „Honda“ не ја откриваат внатрешноста на модел „D“.

d concept2

„„Concept D“ е огромен чекор напред за нас, а тој ќе биде супер автомобил, ориентиран кон модерните луѓе. Сигурно ова е еден од најпривлечните производи кои ќе пуштиме на пазарот“, беше коментарот на претседателот на кинескиот застапник на брендот Сејди Кураши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП