6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на Ericsson во првиот квартал

Пад на профитот на Ericsson во првиот квартал

ericsson2

Шведската телекомуникациска компанија „Ericsson“ пријави пад на профитот од 14 проценти во првиот квартал од оваа година.

Компанијата пријави нето профит од 171 милион долари, а во истиот период минатата година профитот изнесувал 191 милион долари.

„Реструктуирањето на трошоците влијаеше на резултатите, како и падот на валутата и намалената продажба на мобилните апарати во Северна Америка“, соопштија од „Ericsson“.

Во соопштението се истакнува дека нето продажбата пораснала на речиси 60 милиони долари, што е придонес на зајакнувањето на доларот во однос на шведската круна, како и расотот во Кина, Индија, југоисточна Азија и на Блискиот Исток.

На берзата во Стокхолм акциите на „Ericsson“ се во пад од речиси осум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП