2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефовите на дипломатиите на западен Балкан на состанок во Брдо кај Крањ

Шефовите на дипломатиите на западен Балкан на состанок во Брдо кај Крањ

mn

Шефовите на дипломатиите на Словенија и Франција, Карл Ерјавец и Лоран Фабиус  денес во Брдо кај Крањ ќе бидат домаќини на министрите за надворешни работи од западен Балкан, соопштуваат од словенечкото МНР.

На состанокот ќе присуствуваат шефовите на дипломатиите на Австрија, Хрватска, Италија, Франција и Словенија, како и на Србија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово  и Црна Гора.

Меѓу учесниците ќе бидат и еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Се очекува од страна на Германија да учествува државниот секретар на германското МНР.

Во западен Балкан се појавува нова регионална динамика, која воспоставува поблиско поврзување помеѓу земјите во регионот и земјите членки на Унијата, велат од словенечкото МНР.

Во насока на ова, досега се одржаа повеќе регионални состаноци и иницијативи, кои имаат за цел да ги конкретизираат европските аспирации на земјите од западен Балкан, и да ги поврзат со ЕУ во политичка и економска смисла. Особено се потенцира економското и социјалното опоравување на регионот, кое е од важно значење за политичката стабилност и подобрувањето на животот на младите во регионот.

Преку состанокот на шефовите на дипломатиите во Брдо, Словенија ги продолжува своите регионални активности.

Состанокот ќе биде насочен кон подобрувањето на условите за младите во регионот, особено во поглед на образованието во земјите членки на ЕУ, стипендиите, како и можностите за вработување во нивните земји. Министрите исто така ќе се осврнат и на борбата против тероризмот, вклучувајќи ја насилната радикализација и регрутирањето на странските борци. Учесниците на овој состанок исто така ќе говорат и за сообраќајната и енергетската инфраструктура во регионот, како и за проценката од катастрофалните поплави кои минатата година се случија во Босна и Херцеговина, Србија и Албанија, додаваат од словенечкото МНР.

Посебно внимание ќе се посвети и на прашањата околу безбедноста и политичката состојба во соседството на ЕУ, особено на состојбата во Украина и во јужниот Медитеран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП