26 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМОК ќе отвори телевизиски канал

МОК ќе отвори телевизиски канал

Image (44)

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) има во план да отвори телевизиски канал кој со работа би започнал во април 2016 година, неколку месеци пред почетокот на ОИ во Рио.

Директорот на телевизијата, Јанис Ексаркос, соопштил дека во новиот канал чие седиште ќе биде во Мадрид ќе работат околу 100 луѓе.

Ексаркос нагласил дека во новиот канал ќе бидат вложени околу 600 милиони долари кои според планот треба да бидат вратени во наредните 10 години.

Овој телевизиски канал е клучниот дел од реформите кои ги планира првиот човек на МОК, Томас Бах како дел од „Олимписката агенда 2020“.

Отворањето на новиот телевизиски канал МОК го одобри на состанокот кој во декември минатата година се одржа во Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП