6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрв раст на ‘Coca-Cola’ по девет квартали

Прв раст на ‘Coca-Cola’ по девет квартали

Earns Coca Cola

Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалаци американска „Coca-Cola“ извести во средата дека во првото тримесечје од 2015 година го остварила првиот раст на приходите во последните девет квартали, најмногу благодарејќи на 6-процнетниот раст во Северна Африка, нејзиниот најголем пазар.

Нето оперативните приходи на компанијата „Coca-Cola“ пораснале во првите овогодишни месеци за 1,3 отсто, на 10,71 милијарди американски долари. На пазарите во Северна Америка, во споменатиот период приходите достигнале 5,1 милијарди долари, зајакнувајќи за 6 отсто, што претставува прв раст на приходите на овој пазар во изминатите четири квартали.

Нето добивката на компанијата, пак којашто им припаѓа на акционерите изнесувала 1,56 милијарди долари, додека во првиот квартал од минатата 2014 година, изнесувала 1,62 милијарди долари.

Продажбата на газираните пијалаци во САД се намалила веќе речиси цела деценија, а од неодамна тамошните потрошувачи ги избегнуваат и диеталните пијалаци поради здравствените ризици врзани со вештачките засладувачи. Поради тоа „Coca-Cola“ се обидува да го диверзифицира своето работење купувајќи помали удели во компаниите на брзорастечките пазари, а во некои случаи дури и целосно ги преземаше.

Компанијата во август најави купување на 16,7 отсто од уделот во „Monster Beverage“, додека во февруари минатата година купи 10-процентен удел во „Keurig Green Mountain“ подоцна зголемувајќи го на 16 отсто, со што стана негов најголем акционер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП