10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes ќе претстави конкурент на моделот Porsche Panamera

Mercedes ќе претстави конкурент на моделот Porsche Panamera

cls panamera

Германскиот производител „Mercedes“ објави нови информации за нивниот иден модел кој ќе биде директен конкурент на „Audi A7“ и „Porsche Panamera“.

Овој модел засега е познат како „GT4“ и ќе биде базиран на следната генерација „CLS“, a ќе го одликува единствен дизајн кој ќе биде со сличен дизајн на моделот „Mercedes-AMG GT“.

Станува збор за модел со четири седишта кој ќе го карактеризира внатрешноста со единствени компоненти, што ќе помогне овој модел да се разликува од „CLS“.

Според моменталните достапни информации, „GT4“ ќе биде достапен со турбо 4.0-литарски „V8“ мотор кој бележи приближно 500 и 600ks излезна моќ. Голем број од компонентите ќе бидат превземени од следната генерација на „E63 AMG S“ моделот, а можеме да очекуваме и адаптивна воздушна суспензија, како и диференцијал со електронско заклучување, меѓу останатото.

Доколку се се одвива според планот, „GT4“ на пазарот ќе се појави во 2019-та година и ќе чини 120.000 и 140.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП