26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi со деби на смартфон за прв пат надвор од Кина

Xiaomi со деби на смартфон за прв пат надвор од Кина

xiaomi 33

Најбрзорастечкиот производител на паметни телефони – кинеската компанија „Xiaomi“, ќе претстави утре нов смартфон во Индија. Тоа ќе биде прво деби на паметен телефон на компанијата надвор од Кина.

Шпекулациите се дека новиот уред ќе го носи името „Xiaomi Mi 4i“. Тој се очекува да е со 4.9-инчен дисплеј со резолуција од 1080×1920 пиксели, како и со најновиот оперативен систем „Android 5 Lollipop“.

Смартфонот најверојатно ќе биде со 64-битен осумјадрен процесор „Snapdragon 615“, како и графички „Adreno 405“. Се очекува оперативната меморија да е 2 GB, а внатрешната – 16 GB.

Задната камера најверојатно ќе биде 12-мегапикселна, а предната од 4.8 мегапиксели.

Според сигурни извори, цената на новиот паметен телефон ќе биде помеѓу 12.500 јуани (200 долари) и 14.500 јуани (230 долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП